Top Sport

Салах е подготвен за дуелот со Манчестер сити

Најдобриот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах ќе биде подготвен за утрешниот реванш против Манчестер сити во четврт-финалето, во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Египет се повреди на почетокот на второто полувреме, на првиот меч, што заврши со победа на Ливерпул 3:0. Поради повредата, Салах, не играше во саботата против Евертон.

Салах вечерва тренирал што значи дека ќе биде во тимот против „граѓаните“.

Египѓанецот има неверојатна сезона зад себе, има одиграно 43 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигнал 38 гола.

Scroll to Top