Јувентус оваа недела ќе почне со продажбата на играчи, а некои од трансферите се веќе на повидок.
Мојс Кин е пред „вратите“ на Евертон, а вредноста на трансфеот се проценува на околу 40 милиони евра.
До крајот на неделата најверојатно „Старата дама“ ќе го раскине договорот со Сами Кедира кој има понуда од Вулверхемптон, но и од неколку други клубови, но најсериозно се споменува негова преселба во Арсенал.
Јуве би го ослободил од обврските за симболична отштета, а би ги зачувал парите предвидени за неговиот договор. Иста е ситуацијата и со Блес Матуиди, кого тренерот Маурицио Сари го нема во плановите за новата сезона. Францускиот играч од средниот ред е на радарот на ПСЖ и Монако.
Резервниот голман Матија Перин е на чекор до премин во Астон Вила, а веќе се збогувал со соиграчите.
Најголемо внимание засега има кон судбината на Игуаин во Торино. Тој одбива да го напушти клубот.
Што се однесува до Марио Манџукиќ, и за него има заинтересирани клубови, но постои можност и тој да остане во Јуве.
Шпекулациите се дека во нападот на италијанскиот шампион ќе му се приклучат Ромелу Лукаку од Јунајтед и Мауро Икарди од Интер.
Пауло Дибала наскоро се враќа од одмор, го очекува разговор со Управата на „црно-белите“. Информациите се дека тој нема намера да го напушти Торино.
Се очекува Даниеле Ругани да си замине од Јувентус, затоа што турскиот стопер Мерих Демирел е нов играч на клубот.
Најверојатно продаден ќе биде и Жоао Кансела. Сари во тимот смета за Хуан Квадрадо како прва опција за десен бек, а Матиј де Шиљо како негова замена.