Top Sport

Се обидел да и собере пари на Кузњецова, се претставил како Кафелников

Руската тенисерка Светлана Кузњецова откри дека малку недостасувало да биде измамена во екот на пандемијата со коронавирусот.

Он-лајн измамник се обидел да извлече пари од руската тенисерка преставувајќи се како Евгениј Кафелников, прославениот руски тенисер.

„Драги пријатели, односно спортисти. Вторпат веќе добивам ваква порака. Ми бараа пари. Се појави профил со некој познат спортист на сликата и бараше помош од мене. `Помогни ми, вечер ќе ти вратам се`. Добив порака од некој кој се претстави дека е Евгениј Кафелников. `Помогни ми, се уште не сум во Москва, на моите роднини им се потребни пари за да можат да бидат во карантин. Те молам испрати ми 50.000 рубљи (околу 600 евра)`. За малку ќе му испратев, но нешто ми стана сомнително. Го прашав некои прашања и сфатив дека тоа воопшто не е Евгениј“ – рече Кузњецова.
Инаку, руската тенисерка моментно е 32. на ВТА листата, иако најдобриот пласман во кариерата и беше – втора во светски рамки во женскиот тенис.

Scroll to Top