Top Sport

Се редат понуди за голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ

Фудбалерот на Фиорентина, 20-годишниот Душан Влаховиќ со своите игри во последниот период направи да се редат понуди за него кај „виолетовите“. Тој сезонава експлодираше во „виолетовиот“ дрес.

Постигна 9 гола и запиша 2 асистенции. Тој во просек игра по 48 минути на меч, што значи постигнува гол на секои 160 минути.

Менаџерскиот тим на српскиот фудбалер вели дека Наполи е силно заинтересиран за неговите услуги.

„Ние како агенција со Душан работиме веќе 6 или 7 години. Уверени сме дека за неколку години тој ќе вреди 100 милиони евра. Добро го познаваме, се што прави е нормално. Го инспирира Златан Ибрахимовиќ, убедени сме дека би можел да ги достигне неговите височини“ – смета неговиот менаџерски тим.

Моментната вредност на Србинот е 6 милиони евра, под договор со Фиорентина е до 2023 година. Во Фиренца дојде од редовите на белградски Партизан, за 2 милиони евра.

Погледнете ја неговата партија, на последниот дуел од Серија А во Џенова против Сампдорија:

Scroll to Top