Италијанско-американскиот милијардер Роко Комисо денеска официјално стана сопственик на Фиорентина, а кратко по преземањето на клубот од Фиренца вети добри вести за навивачите.
Комисо за 170 милиони евра ја купи Фиорентина од досегашниот сопственик, семејството Дела Вале и планира потполна реконструкција.
Италијанските медиуми наведуваат дека клупски функции се очекува да добијат легендите на „виолетовите“, Габриел Батистута и Руи Коста. Најверојатно тие двајца би биле на чело на спортскиот сектор задолжени за трансфер политиката.
Аргентинскиот ас играше за Фиорентина од 1991 до 2000 година, а Португалецот беше дел од „виолетовите“ од 1994 до 2001 година.
И двајцата имаат голема почит од навивачите на клубот.