СЕХА лигата го одбра најдобриот тим за минатиот месец, а во него има место за двајца ракометари на битолски Еурофарм Работник и еден преставник на европскиот шампион Вардар.
Голманот на Еурофарм, репрезентативецот Никола Митревски и бекот Ловро Јотиќ се во најдобрата петорка за септември, а нив „друштво“ им прави левото крило на Вардар, Русинот Тимур Дибиров.
Комплетната седморка во СЕХА за минатиот месец ја заокружуваат Јовица Николиќ од српска Војводина, Дарко Ѓукиќ од белоруски Мешков Брест, Расмус Лауге од унгарски Веспрем и Максим Бабичев, членот на украински Мотор Запорожје.