Top Sport

СЕХА: Се носеше со Вардар, а дома ги тресна Нексе, Мешков се подалеку од Ф4

СЕХА лигата носи нови возбудувања и изненадувања. Изминатиот викенд белоруски Мешков Брест одигра реми дома против Вардар во ЛШ, а предмалку тимот што има аспирации за Ф4 турнирот во регионалното натпреварување доживеа домашен пораз од Нексе 25:30.

Првото полувреме беше изедначено, додека во вториот дел домаќините се изгубија на теренот.

Во главната улога кај тимот од Нашице беше доскорешниот бек на скопски Металург, Халил Јагањац кој имаше 7 погодоци од 9 упатени удари кон голот надополнето со 5 асистенции. Подобар од него кај гостите беше само Томи Возаб, со 9 гола.

Кај домашниот тим дури тројца играчи, Ѓорѓиќ, Ѓукиќ и Кулак постигнаа по 4 погодока.

Нексе по оваа победа сега се наоѓа на втората позиција на табелата.

Scroll to Top