Кошаркарската селекција на Сенегал доби нов селектор непосредно пред Светското првенство во Кина. Новиот селектор повика двајца „монструми“ како засилување за центарската позиција во тимот.
Мустафа Гај, селекторот на африканската селекција го објави списокот на кандидатите за репрезентативниот дрес на 24 часа пред почетокот на подготовките. Селекторот го задржа костурот на репрезентацијата што се квалификуваше на СП со скор 10 победи и само 2 порази.
Во селекцијата на Сенегал е повикан и највисокиот кошаркар на денешницата, 235 сантиметри високиот Така Фал, како и 12 сантиметри понискиот Јусуф Фал. Двајцата кошаркари не се во роднинска врска.
Сенегал ќе го има највисокиот состав на првенството, па останува да се биди дали сенегалците може да изненадат на Мундијалот.
Сенегал е во група со Канада, Литванија и Австралија.