Top Sport

Сензација во Париз, Качанов го „зема скалпот“ на првиот светски рекет, Ѓоковиќ

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ кој од утре ќе биде прв на АТП листата, предмаку сензационално го загуби финалниот меч на Мастерсот во Париз.
„Скалпот“ на Ѓоковиќ му го зема моментно 18-тиот светски тенисер, Русинот Карен Качанов (22). Качанов триумфираше со 2:0 сетови, со резултат 7:5 и 6:4.

Атомското темпо кое го диктираше младиот Русин во текот на мечот беше незадржливо за Новак.

Ѓоковиќ никогаш досега немаше загубено финале на турнирот во Париз.

Новак во полуфиналето во епски дуел го совлада лутиот ривал Роже Федерер со 2:1 во сетови, со два тај брејка и повеќе од три часа борба, додека Качанов во другото полуфинале со 6:1 и 6:4 лесно и брзо го елиминираше Доминик Тим.

Русинот очигледно многу посвеж влезе во финалниот дуел.

Scroll to Top