Атрактивната Алена Середова (41) од Чешка, екс-сопругата на легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон (41) раскажа како дознала дека сопругот и подготвува развод. Нивниот брак се распадна во 2014 година, а Буфон „преку ноќ“ си најде друга жена, Иларија Д`Амико.
„Како дознав дека ме остава? Слушнав на радио! За жал не последна, затоа што после мене слушнал и татко ми. Тоа што не те убива, те прави посилен. Станав подобра личност, не им дадов тежина на работите. Секогаш доаѓа личноста која ја заслужувате. Не сакав да очајувам, туку да продолжам понатаму“ – изјавила Середова за италијанските медиуми.
По разводот, таа нашла утеха во италијанскиот претприемач, Алесандро Наси. Середова открила за медиумите дека се уште во домот има заедничка фотографија, со Џиџи Буфон.
Убавата Чехиња со голманот имаат две деца, 12-годишниот Луис Томас и 10-годишниот Давид Ли.