Тимот на Севилја славеше убедлива победа со резултат 5-2 против Реал Сосиедад, а вљубениците во најважната споредна работа во светот во Андалузија беа сведоци на екстра ефикасен натпревар.
Севилја поведе во 25. минута преку Сарабија, а израмнувањето стигна по само 3 минути преку Ојарзабал.
Домашниот голгетер Висам Бен Једер за само 13 минути постигна три гола за својот тим, додека со автоголот на Микел во 69. минута домашните стигнаа до најубедливи 5-1. Конечниот резултат од 5-2 беше дело на истиот играч, на Микел од пенал во 77. минута.