Top Sport

Шампионскиот покер на Интер продолжува, Ешли Јанг денеска на прегледи!

Четири засилувања добива тимот на Антонио Конте во борбата за титулата во Италија.

Првото од тие четири засилувања би требало да биде реализирано денеска кога капитенот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг доаѓа во Милано на медицински прегледи.

„Ѓаволите“ прифатија со бонусите да земат 1.5 милиони евра за Јанг чиј договор со Јунајтед истекува наскоро. За наредните 18 месеци јанг ќе добие околу 6 милиони евра, иста сума која ја добиваше и на „Олд Трафорд“.

Интер постигна договор и со Фламенго, за ангажманот на Габигол. Тој ќе биде продаден за дваесетина милиони евра, а тие пари ќе се вложат во ангажмано на Кристијан Ериксен на „Џузепе Меаца“.

Интер и Рома се договорија за трампа во која ќе бидат вклучени Матео Политано од Интер и Леонардо Спинацола од Рома.

Четвртиот играч кој би требало да му се стави на располагање на Конте е Французинот Оливие Жиру. Тој чека повик да стигне во Милано на лекарски прегледи, а се одрече од дел од парите кои му следуваат само да дојде во екипата на Конте.

Јувентус има два бода предност пред Интер по првата половина од сезоната, но „нероазурите“ на Скудетото гледаат како на реална опција.

Scroll to Top