Top Sport

Шкендија и Вардар без муниција во Тетово, вредна победа за „Пандевци“

Остана разликата од 9 бода меѓу првопласираниот Вардар и шестопласираната Шкендија по денешниот дерби дуел во градот под Шар Планина. Двата тима не беа расположени за голови, па дуелот заврши со резултат 0-0.

Двата тима одиграа многу послаб меч во споредба со Куп средбата. Голманот на Вардар, Гачевски беше најзабележителен поединец кај гостинската екипа со десетина одбрани.

Второпласираната екипа на табелата во ПМФЛ, струмичка Академија Пандев денеска забележа важен триумф над Силекс со 2-0, па со новите три бода „Пандевци“ му се доближија на лидерот Вардар на само 2 бода.

Велешки Борец триумфираше со 3-2 против тимот на Струга Трим Лум, а реми без голови одиграа во Ѓорче Петров екипите на Македонија и Шкупи.

Вчера Работнички славеше триумф против Ренова со 1-0.

Сега следува двонеделна пауза во ПМФЛ поради настапот на македонската фудбалска репрезентација во евроквалификациите

Scroll to Top