Top Sport

Шкендија ја заврши европската авантура – кратко и неславно, со 3 црвени картони

Завршија европските фудбалски настапи за тетовска Шкендија откако во второто квалификациско коло од Лигата на Европа македонските претставници беа елиминирани од Дуделанж од Луксембург.

По изненадувачките 1-2 во Скопје, Дуделанж одигра 1-1 на домашен терен против Шкендија и се пласираше во следната рунда.

Се чини дека шокот од елиминација од Лигата на шампионите од естонски Номе Каљу беше тежок удар за тетовчани, па не успеаја да се соземат за да продолжат со квалитетни настапи во второто по ранг натпреварување во Европа.

Шкендија ја имаше иницијативата, а најсериозната шанса за погодок ја имаше во 35. минута по грешката на домашните играчи, но голманот на домаќините спречи автогол.

Во вториот дел шанси за погодок имаа Радески и Ибраими, но мрежата на Дуделанж остана недопрена.

Надежите на тетовци потонаа во 78 минута кога Дуделанж со гол од корнер на Делгадо поведе со 1-0. Потоа, на тоа се надоврза и вториот жолт картон на дефанзивецот Висар Муслиу.

Единствено што успеа Шкендија да направи до крајот е почесен гол, од слободен удар стрелец беше Бесарт Ибраими во 92 минута.

Кога се чинеше дека Шкендија може да изненади и да се избори за втор гол и продолженија, се заострија работите на теренот. Најпрво Ваљмир Нафиу стартуваше од зад грб, за црвен картон. Потоа, во мешаницата „поцрвене“ и Агим Ибраими па тетовци мечот го завршија со тројца играчи помалку.
https://youtube.com/watch?v=awFZZFuaAR8

Scroll to Top