Лондонски Тотенхем во многу деликатен момент останува без првата ѕвезда, капитенот-голгетер, Хари Кејн, информираат од клубот. Според нивните прогнози, повредата на Кејн е сериозна и се заканува да го оддалечи од терените цели два месеци.
Фудбалерот го повреди скочниот зглоб на дуелот против Манчестер јунајтед во неделата, па сега прогнозите се дека ризикува да ги пропушти следните 7 меча за својот тим поради повредата.
„Може да потврдиме дека Хари Кејн ги оштети лигаментите на левиот зглоб за време на натпреварот во неделата. Тој ќе биде под медицински надзор додека не почне рехабилитацијата, а очекуваме на терен да биде во март“ – стои во соопшението од Тотенхем.
Напаѓачот, ако се обвистината црните прогнози, може да го пропушти реваншот со Челзи во Лига купот, но и премиерлигашките мечеви со Фулам, Кристал Палас, Ватфорд, Њукасл и Лестер.
Сепак најзагрижени се навивачите на Тотенхем затоа што постои шанса Кејн да не е во составот на тимот и во двата меча против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.
Тотенхем моментно е трет во Премиер лигата со 48 бода, 9 помалку од лидерот Ливерпул, а бод повеќе од четвртопласираниот Челси.
How can Spurs cope without Harry Kane? pic.twitter.com/F3c3cC9d9Z
— Goal (@goal) January 15, 2019
Following preliminary assessments, we can confirm that @HKane has damaged ligaments in his left ankle, sustained during Sunday's match.
He will continue to be monitored by our medical staff as he commences rehabilitation and is expected to return to training in early March. pic.twitter.com/Ot3doPa4K6
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 15, 2019