Top Sport

Шок во Звезда, „црвено-белите“ останаа без капитенот Марин!

Иако имаше шпекулации дека капитенот на белградска Црвена Звезда, Марко Марин би можел да го напушти стадионот „Рајко Митиќ“, малкумина во спрскиот фудбалски шампион очекуваа дека тоа ќе се случи во јануарскиот преоден рок.

Саудиски Ал Ахли објави фотографија на социјалните мрежи на која капитенот Марин е во друштво со клупските челници, а во краткото соопштение се наведува дека претседателот на клубот постигнал договор за соработка.

Според неофицијалните информации, Црвена Звезда ќе добие отштета од 2.5 милиони долари, додека други детали не се познати.

Марко Марин во Звезда дојде летото 2018 година, од Олимпијакос за 700.000 евра.

Во 58 меча за „црвено-белите“ тој постигна 11 гола, а имаше и 24 асистенции. Беше меѓу најзаслужните што Звезда повторно беше дел од групната фаза во ЛШ.

Scroll to Top