Top Sport

Шпанија е седма на СП2019, си обезбеди олимписки квалификации за Токио

Ракометната репрезентација на Шпанија попладнево го совлада Египет со 36-31 и го освои седмото место на ракометниот Мундијал во Германија и Данска.

„Фуријата“ со денешниот триумф си обезбеди олимписки квалификации за Токио, а за Египќаните, предводени од екс-вардарецот Давид Дејвис, осмата позиција во светот претставува најдобро остварување по 18 години, кога завршија четврти.

Иако двете репрезентации влегоа поопуштено во денешниот дуел, сепак натпреварот изобилуваше со голови, вкупно 67.
Помалку изненадувачки, на полувреме водеше Египет со 17-18, но во вториот дел Шпанците заиграа во препознатлив ритам и триумфираа на мечот кој им носи олимписки квалификации.

Најпрецизни кај „фуријата“ беа Канељас со 9, Соле со 6 и Ентрериос со 5 постигнати гола.

Во репрезентацијата на Египет најпрецизен беше Ел Ахмар со 8, додека Шебиб постигна 6 гола.

Scroll to Top