Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски (25) останува и следната сезона во дресот на шпански Рајо Валјекано, пишува „Марка“.
Иако имаше неколку отворени понуди од клубови кои претстојнава сезона ќе се натпреваруваат во Примера, сепак Димитриевски остана верен на сегашниот клуб и во наредната сезона ќе брани во Секунда.
„Столе Димитриевски ќе ја продолжи соработката со клубот до 2023 година и покрај тоа што тој имаше понуди од прва лига, како и од странство. Голманот имаше опција да си замине и да направи трансфер, меѓутоа одлучи да остане во екипата“ пишува „Марка“.
Тиражниот шпански весник пишува и дека Димитривски одлично се адаптирал на животот во Мадрид, а успеал и за кратко време да стане миленик на навивачите.
Информациите од Шпанија се дека Валенсија, Севилја и Бетис беа опциите за Димитривски за трансфер во новата сезона, но Македонецот решил да му помогне на клубот експресно да се врати во првата шпанска лига.