Top Sport

Шпанските медиуми дознаваат, Зидан од јуни на кормилото на Баерн!?

Мадридскиот портал „Окдиарио“ објави дека Баерн е во завршни преговори со Зинедин Зидан и дека е веќе договорено трофејниот Французин да го преземе кормилото на клубот од јуни идната година. Иако Зидан само 4 години е во тренерските води, сепак се чини со Реал Мадрид за краток период стигна до височините на занаетот, па за само една година успеа дури петпати да подигне трофеј како прв човек на „Кралевите“ од Мадрид.

Ако се точни пишувањата на шпанските медиуми, тогаш актуелиот тренер Нико Ковач нема да може уште долго да биде стратег на Баварците, уште повеќе што јасно е дека нешто не „штима“ во соблекувалната на Баерн.

По минатонеделниот пораз од Борусија Дортмунд сите зборуваат за промена на клупата во клубот, а на критиките кон Ковач се придружуваат и дел од фудбалерите, пред се Франк Рибери кој по дуелот со Борусија дури го нападна и коментаторот на мечот.

Нико Ковач кој е екс тренер на Ајнтрахт, со Баерн по 11 кола веќе киксна петпати, па трофејниот клуб сега е дури на 5. место на табелата во Бундес лигата.

Scroll to Top