Top Sport

Штербик: Правев ривалите повеќе да се плашат од мене, отколку јас од нив!

Дојде крајот на една феноменална спортска кариера, онаа на големиот ракометен голман – Арпад Штербик.

Чуварот на мрежата кој покрај многуте клупски, па богами и репрезентативни искушенија, го чуваше голот и на македонскиот, но и европски шампион Вардар. Тој одлучи да заврши со ракометот во сезона која има неславен крај поради пандемијата со коронавирусот.

Сепак, се што Штербик му подари на ракометот е во најмала рака – спектакуларно.

„Секогаш за мечевите се подготвував исто. Му благодарам на Господ што ме подигна на повисоко ниво. Со респектот што го имав, ги терав играчите повеќе да се плашат од мене, отколку јас од нив“ – изјави Штербик за шпанска „Марка“.

На прашање дали му се воодушевувал на некој од колегите, Арпад без многу размислување по посочи тренерот на голманите во скопски Вардар, Србинот Дејан Периќ.

„Кога влегов во тимот, многу научив од Дејан Периќ. За мене, но и за многу луѓе, Дејан беше еден од најдобрите голмани на сите времиња“ – рече Штербик.

Тој не може да издвои кој е најдобриот играч од спротивната страна.

„Не можам да кажам ниту едно име. Играв против многу добри играчи и ги почитував. Но никогаш не им се плашев“ – смета голманот.

Штербик вели дека има многу пријатели во ракометот.
„И понатаму сум во контакт со многу играчи, со Омбрадос, со играчите од Барселона, од Вардар, од репрезентациите на Србија и Шпанија“ – вели тој.

Scroll to Top