Top Sport

Шведска ја прегази Аргентина со +15 по шокантното реми на „гаучосите“ со Унгарија

Ракометните репрезентативци на Шведска со одлична игра во второто коло од Мундијалот во Германија и Данска буквално ја збришаа Аргентина, забележаа победа со 31-16, на полувреме беше 15-10.

„Гаучосите“ кои во првото коло на Мундијалот одиграа изненадувачко реми со силната Унгарија против Швеѓаните парираа само до резултат 8-7.

Оттогаш почна високиот ритам на „викинзите“ кои посебно беа добри во одбраната дозволувајќи им на Аргентинците само 6 гола во вториот дел.

Најефикасен во шведскиот состав беше Захрисон со 6 гола, а Екберг постигна 5.

Во селекцијата на Аргентина Гастон Фернандез беше стрелец на 6 погодока.

Швеѓаните во наредното коло играат со Ангола која загуби со 10 разлика (34-24) од Унгарија, додека Аргентина пак се среќава со Египет кој исто така доживеа пораз, од Катар со резултат 28-23.

Scroll to Top