Top Sport

Шведска ракометарка на 26 години ја завршува кариерата, сака да стане машко

Ракометната репрезентативка на Шведска, Луис Санд (26) решила да стави крај на кариерата, затоа што сака да го промени полот.

Таа го раскина договорот со клубот Флери каде што последно настапуваше, а се откажа и од шведската селекција за која одигра над 100 натпревари.

„Постои причина зошто се одлучив на ова. Се надевам дека сите ќе ја разберат оваа причина и ќе ја почитуваат мојата одлука. Сега е време да го живеам вистински мојот живот. Родена сум во погрешно тело. Меѓутоа одлучив да свртам нов лист и ќе го преживеам тоа“ – рекла Санд.

Таа напоменува дека „Отсекогаш сум се чувствувал подобро како Луи отколку како Луис“.

„Имаше денови кога си го поставував прашањето зошто сум била ваква. Сепак, немам избор. Сега ми претстои тешко време и долг процес, но се чувствувам 100 проценти подобро поради животот кој го одбрав“ – вели ракометарката која во иднина ќе се вика Луи Санд.

Scroll to Top