Диего Чоло Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, се поврзува со неколку тимови, но тој нема намера да ја напушти шпанската престолнина.
Името на Аргентинецот најчесто се поврзува со Челси, ПСЖ и Арсенал, меѓутоа тој нема планира да остане на „Ванда Метрополитано“.
„Каква е мојата иднина? Останувам во Атлетико“, рекол Симеоне по дербито со Реал.
„Ова е голем клуб, а ние и понатаму растеме. Горд сум на нивото на кое е клубот во последната деценија. Горд сум на начинот на кој успеваме да се натпреваруваме со супермоќните тимови какви што се Реал и Барселона“, дополни аргентинскиот тренер.