Top Sport

Симона Халеп ќе се мажи со милијардер по потекло од Македонија (фото)

Минатиот викенд се ожени легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, а тенискиот свет во наредниот период го очекува уште една венчавка на позната спортистка – тенисерка.

Романката Симона Халеп (28) е на чекор од венчавка откако нејзиниот татко му дал „зелено светло“ на нејзиното момче, 40-годишниот Тони Јурук.

Сепак, под еден услов. Таткото на тенисерката побарал венчавката да се одложи до септември идната година, по учеството на Симона на УС-Опен. Таткото на Халеп сака неговата ќерка во наредната година да учествува на сите четири грен-слем турнири.

Венчавката, според информациите, ќе се одржи во Романија.

Симона и Тони се една години во врска. Тони е Влав, со потекло од Македонија, милијардер, сопственик на неколку фирми.

Симона Халеп е една од најпопуларните личности во Романија, моментно шеста во светскиот женски тенис.

Scroll to Top