Легендарниот НБА ас, Двејн Вејд ја шокираше јавноста со признанието дека неговиот 12-годишен син Зајон побарал од родителите во иднина да го именуваат како Заја и да се однесуваат кон него како кон девојче. Вејд соопшти дека син му решил продолжението на животот да му биде како женско.

„Зајон еден ден дојде дома и ни рече `Сакам да зборуваме, подготвен сум да живеам онака како што сакам. Сакам да ме ословувате со таа и би сакал да ме викате Заја`“ – сподели Двејн Вејд.

Потоа, кошаркарот рече дека одлуката на синот ја прифатил и неговата желба ќе ја почитува.

„Улогата и обврската на родители ја разбираме многу сериозно. Наша работа е да го сослушаме нашето дете и најдобар начин да му помогнеме. Тоа не го менува ниту оваа ситуација“ – вели кошаркарот.

По тој повод, се огласила и неговата сопруга Габриела.

„Таа е страствена, полна со љубов и горди сме на неа. Сакајте ги и почитувајте ги вашите деца баш такви какви што се“ – порача госпоѓа Вејд.