Грчкиот кошаркарски центар, 211 сантиметри високиот Јанис Адетокумбо синоќа му донесе нова победа за својот Милвоки Бакс, но сепак тој стана тема на потсмев кај противниците и на социјалните мрежи.
На почетокот на синоќешниот меч на Бакси нагости кај Бруклин популарниот „Грик Фик“ оставен сам зад линијата за 3 поени упати удар кон кошот небранет од никого, но баскетот заврши „во бунар“. По ужасниот обид играчите од клупата на домаќините прснаа да се смеат.
Погледнете го очајниот обид за тројка на „џинот“ кој мечот го заврши со 30 поени, 9 асистенции и 15 скока:
Peep the Nets bench after the Giannis Antetokounmpo airball ??? pic.twitter.com/dmoQxUMzbn
— Def Pen Hoops (@DefPenHoops) February 5, 2019