Уште не се средени впечатоците од минатонеделното драматично освојување на титулата во Премиерлигата за фудбалерите на Манчестер Сити, а денеска нов блесок за избраниците на Пеп Гвардиола.
На легендарниот „Вембли“ пред 90.000 гледачи Манчестер Сити со 6-0 го здроби Вотфорд и во голем стил го осви ФА Купот. Со тоа „граѓаните“ сезонава во своите витрини го донесоа третиот трофеј, по првенствениот и оној во Карлинг купот.
Сити без Агуеро во првиот состав поведе со 1-0 со голот на Давид Силва во 26 минута. До крајот на полувремето Сити ја дуплираше предноста со голот на Стерлинг во 38 минута.
Во вториот дел вистински потоп за екипата на Вотфорд. Најпрво на 3-0 зголеми Де Брујне во 61., на 4-0 зголеми Гавриел Хесус во 68 минута, а Стерлинг со последните два погодоци во 81 и 87 минута стигна до хет трик.
За Пеп Гвардиола ова беше 23-ти трофеј во кариерата.