По паузата за репрезентативни настапи, Манчестер Сити продолжи со победите во англиската Премиер лига.
Попладнево на гостувањето во Лондон на „Крејвен котиџ“ „граѓаните“ рутинирано стигнаа до нови три бода, го совладаат Фулам со 2-0.
Многу рано, во петтата минута Бернардо Силва го отвори резултатот, а за дуплирање на предноста се погрижи Серхио Агуеро во 27 минута од мечот.
До крајот на мечот Сити одигра рутинирано, а Фулам немаше сили да му се спротивстави на англискиот шампион.
Манчестер Сити повторно е лидер со 77 бодови, еден повеќе од Ливерпул кој утре има тешок испит на домашен терен против Тотенхем.