Шпански „АС“ со инфорација дека скаути на Реал Мадрид денеска во Лас Палмас ќе го следат пријателскиот меч помеѓу Шпанија и Босна и Херцеговина, а на радарот ќе биде голгетерот на Рома, Един Џеко.
Дека има шанси Џеко да го засили Реал Мадрид најави Мехо Кодро во интервју за „Марка“, посочувајќи дека Босанецот неколку сезони игра на највисоко ниво.
Џеко и порано се поврзуваше со Реал, но тогаш од клубот бараа Един да му биде резерва на Карим Бензема што секако беше неприфатливо за голгетерот.
Џеко е екс-играч на Волфсбург и Манчестер сити.