Top Sport

Заводливата Оливеира прозборе: Го однесов Педро в соба, но целата слика за мене беше искривена!

Бразилската скокачка во вода, Ингрид Оливеира откри шокантни детали од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Убавата Бразилка во текот на игрите се најде во центарот на вниманието откако беше обелоденето дека имала сексуални односи со кајакарот Педро Гонкалвеш.

Се пишуваше дека нејзината цимерка и партнерка во двојки, Џована Педроса поради тоа цела ноќ поминала пред собата, па истиот ден тие две го заземале последното место на олимпиското натпреварување.

Бразилската јавност ја „линчуваше“ Ингрид која година ипол подоцна реши да прозбори за се она што се случувало во Рио.

„Ќе ви ја кажам вистината. Го однесов Педро во соба, но тоа не беше ноќта пред натпреварот и никој не бил пред собата. Не ме исфрлија од игрите“ – рекла Ингрид за бразилски медиум.

Таа во својата изјава го споменала и легендарниот Усеин Болт.

„Болт во соба однесе девојка која немаше ниту акредитација за во Олимпиското село. Многумина отвараа профили како би флертувале, но само мојот случај допре до јавноста. Кога се случи тоа, со денови плачев. Знам дека погрешив, но не го заслужив тоа што ми се случи, целата слика беше искривена“ – вели Ингрид Оливеира.
Погледнете како изгледа заводливата Бразилка:

https://www.instagram.com/p/BuTnJryhwNd/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

View this post on Instagram

Antiga but me deu vontade de postar ?

A post shared by Ingriɗ Oliνєirα (@ingrid.oliveira96) on

View this post on Instagram

Ocean ≊ Prata by @prataemar_

A post shared by Ingriɗ Oliνєirα (@ingrid.oliveira96) on

Scroll to Top