Top Sport

Скола пресече – ќе игра во миланска Олимпија

Аргентинскиот кошаркарски ветеран, 39-годишниот Луис Скола кариерата ја продолжува на тимот на Олимпија Милано, изјави кошаркарот.

Скола имаше понуди и од Реал Мадрид, но и од аргентинска Бока, но се одлучи да потпише едногодишен договор со италијанската екипа.

Искусниот центар се враќа во Европа по цели 12 години кога со успех настапуваше за тогашна Таукерамика, по што следуваше неговата НБА- авантура.

Последните две сезони настапуваше во Кина, а летово повторно потсети на неговите најдобри партии во минатото.
Со речиси 18 поени и 8 скока по меч ги предводеше „Гаучосите“ до самото финале на Мундобаскетот во Кина, а како награда за неговите игри беше избран во најдобрата петорка на СП.

Scroll to Top