Top Sport

Скромниот Азар: Не ја заслужувам „Златната топка“, таа треба да оди кај Мбапе

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Еден Азар веќе неколку сезони прикажува сјајни перформанси во тимот на Челси и во белгиската репрезентација.

Во врска со изборот за освојувач на „Златната топка“ Азар скромно вели дека тој не е правиот извор за таа награда, но тврди и дека фаворитот Модриќ во моментот не ги прикажува игрите што го красеа на Мундијалот во Русија.

„Играм добро, но не смеам да се занесувам. Мислам дека не го заслужувам тоа признание. Постојат подобри од мене. Тука секако е Лука Модриќ, но проблемот е што можеби не игра така добро како играше на Светското првенство„ – вели Азар.

Сепак тој има свој фаворит за престижното признание.

„Ако ја гледаме целата сезона, тогаш мој фаворит за наградата е Килијан Мбапе“ – потенцира фудбалерот на Челси.

Scroll to Top