Top Sport

Скромно фудбалско деби на Јусеин Болт (видео)

Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт влезе како замена за да ја почне својата професионална фудбалска кариера со австралискиот тим Централ Коуст маринерс во пријателски меч, по што призна дека му е потребно време да се навикне на својата нова работа.

32-годишниот Јамајчанец, кој иако се пензионираше од атлетиката останува светски рекордер на 100 и 200 метри, се обидува да добие договор пред сезоната 2018/19 во австралиската А-лига, и доби шанса да ги покаже квалитетите пред 10.000 фанови во Сиднеј кога влезе во игра во 72. минута против аматерски клуб.

Маринерс веќе водеа со 6:0, и Болт играше обично на левото крило со една убава шанса уште на почетокот. На крајот, Болт изјави дека ќе му бидат потребни уште четири месеци да го крене физичкото ниво на подготвеност.

„Најверојатно четири или пет месеци. Да станам фит ми се потребни два месеци, и уште два да играм како момците. Беше добро, беше тоа што го очекував. Малку бев нервозен на почетокот“, вели Болт.

Scroll to Top