Неверојатни слики доаѓаат од Франција, учесниците на најпрестижната светска велосипедска трка во светот, Тур д’Франс вчера возеа по жештини, а денеска трката е прекината затоа што на една делница имало големо невреме со град и со снег.
Кога им било соопштено дека трката привремено е прекината, велосипедистите биле незадоволни, но тогаш разбрале која е причината поради ваквата одлука.
Љубителите на овој спорт се незадоволни од организаторот да ја прекине трката, односно затоа што падна одлука да се прифати досегашниот поредок во етапата кои возачите го постигнаа на врвот Кол де Изерн.
Жолтата маица во генералниот пласман ја презема Еган Бернал кој има околу 2 минути предност пред дотогаш водечкиот Жулијан Алафилип.
Велосипедистите се собраа кај тунелот Вал д’Изер за да се засолнат од непогодата, а потоа ги собраа возилата од нивните екипи.
Претпоследната 20. етапа со должина од 130 километри ќе се вози утре од Албервил до Вал Торанс.