Top Sport

Со 15 години, 218 сантиметри висок кошаркар дебитираше во Еврокупот

Во текот на 5. коло од кошаркарскиот Еврокуп, на мечот меѓу Нантер и Бреша кој им припадна на гостите (65-73) видена е интересна сцена.

Пред крајот на мечот, на 31 секунда до крајот на мечот во игра влезе младиот Виктор Вембанјама, кој има 15 години и 9 месеци, а висок е 218 сантиметри.

Тој е првиот играч роден во 2004 година или подоцна што одигра меч во Еврокупот во последните 12 години.

Вембанјама во дресот на Нантер за времето поминато на паркетот направи само еден фаул. Интересна е неговата градба, кога ќе ги рашири рацете распонот достигнува речиси 3 метри.

Scroll to Top