По се изгледа Сантијаго Солари нема иднина на клупата на мадридски Реал. По информациите дека бил на вечера заедно со Флорентино Перез, во шпанските медиуми се сигурни дека му се соопштени примедбите и дека наредната сезона тој нема да биде на кормилото на Кралскиот клуб дури и да ја освои Лигата на шампиони актуелнава сезона.
Аргентинецот го оптужуваат дека нема авторитет, дека фаворизира поединечни играчи, дека фудбалерите повеќе го слушаат кондицискиот тренер и дека постои нерасположение кога се работи за повеќето одлуки на Солари.
Информациите од шпанските медиуми се дека не е проблем само Иско, и Асенсио е изгубен, Марсело е на излезна врата, исто така и Бејл.
Следува потрага по нов тренер.