Top Sport

Солскјер: Алексис ќе се врати, ќе ни докаже дека погрешивме!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер во своите планови за идната сезона го има и Чилеанецот Алексис Санчез. „Црвените ѓаволи“ Санчез летоска го испратија на позајмица во милански Интер, но офанзивниот фудбалер веќе во октомври доживеа тешка повреда на скочниот зглоб по која се уште не се вратил на теренот.

Неговото враќање се очекува наредниот месец, но според информациите на италијанските медиуми, опцијата за откуп на договорот од Јунајтед „нероазурите“ летоска нема да ја активираат.

„Алексис ќе се врати на лето и ќе докаже дека погрешивме“ – кратко искоментира Солскјер.

Чилеанскиот фудбалер има 31 година, а сезонава на 7 меча за Интер постигна 1 гол.

Во кариерата има настапувано за Коло Коло, Ривер Плата, Удинезе, Барселона и Арсенал, пред да премине во Јунајтед и последно во Интер.

Scroll to Top