Менаџерот на Манчестер Јунајед, Оле Гунар Солскјер инсистира на тоа да има сплотеност во неговата екипа по критиките за викнд-поразот од Евертон на „Гудисон“ со 4-0. Јунајтед губи на трет гостински меч во низа, што беше нивни шести пораз во последните 8 меча.
„Верувам во моите играчи. Знам дека се изневерија самите како играчи, а ме изневерија и мене како тренер. Сепак во нив се гледа днк на Јунајтед. Тие кои немаат таков днк ќе мора да одат надвор“ вели Солскјер пред утрешното градско дерби против Манчестер Сити.
Јунајтед е моментно шести во Премиерлигата, со 3 бода помалку од Тотенхем и Челси и два од Арсенал.
„Мораме да се фокусираме на тоа што не чека. Мораме да сме подготвени, не чека меч против една од најдобрите екипи“ – смета тренерот на „ѓаволите“.
Норвежанецот тврди дека верува во својата екипа.
„Секогаш се зборува за криза во Јунактед кога ќе изгубиме меч или два. Не уживаме во поразите, затоа ќе се бориме до крај“ – вели Солскјер.