Top Sport

Сопругата на Коби со емотивна снимка, два месеци по несреќата (видео)

Легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана на денешен ден, пред 2 месеци трагично загинаа во хеликоптерска несреќа.

Вдовицата на Коби, Ванеса Брајант на Инстаграм сподели видео снимка на која кошаркарот зборува за тренинзите на својата ќерка.

„Почна да игра фудбал, што е и мој омилен спорт. Беше задоволство да ја гледаш како расте. Но сега ја прашав за кошарката, почнав да ја учам дел по дел, а таа почна да ужива. Ја сакам, и сега додека тренира секој ден“ – рекол Брајант во таа прилика.

Коби Брајант го загуби животот на 41 година, додека Џиана имаше само 13.
https://www.instagram.com/p/B-N5scqj3DU/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top