Top Sport

Спортинг и Ристовски немаат среќа со тренерите, отпуштен и Пасеиро

Португалски Спортинг Лисабон годинава мака мачи со тренери. Екипата каде што настапува македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски го отпушти тренерот Жозе Песеиро, а како привремено решение на негово место доаѓа Тиаго Фернандеш.

Португалските медиуми шпекулират дека три тренери се во конкуренција за кормилото на клубот. Една од опциите се екс-играчот на клубот, Пауло Соуза, но со свои шанси се и Жорж Жесус и екс-тренерот на Монако, Леонардо Жардим.

Неуспешна авантура како прв тренер на клубот на почетокот на сезоната имаше и Србинот Синиша Михајловиќ кој доби отказ по само неколку дена.

Scroll to Top