Top Sport

Србија по вторпат ја совлада Литванија во Каунас, 95-91

Кошаркарите на Србија вечерва по вторпат за два дена ја совладаа селекцијата на Литванија на подготвителен меч во Каунас, со 95-91.

„Орлите“ во Каунас се без повредениот Милош Теодосиќ кој ја обнови повредата. Србите досега на подготовките за Мундобаскетот во Кина имаат учинод 3 од 3.

Првата четвртина ја доби Литванија со 22-20.

Во вториот период беше подраматично, Србите ја презедоа офанзивата, па на полувреме отидоа со предност од 8 поени, 45-37.

Во второто полувреме Србија стигна и до двоцифрена предност, но Литванците со помош на домашниот терен направија предност и четвртината ја добија со десет поени разлика. По крајот на третиот период Литванија имаше предност од 2 поени, 67-65.

Одлучувачката четврта четвртина донесе многу возбудувања. Литванците на почеток на овој период дојдоа до +7, 76-69, но со прецизна игра од далечина Србија во еден дел од четвртината стигна до 80-79.

Работите во свои раце во финишот ги презема Богдановиќ, имаше мирна рака на линијата за слободни фрлања, па конечниот резултат беше 95-91.

Богдановиќ беше најпрецизен во победничката екипа со 27 поени.

Scroll to Top