Top Sport

Стефан Спировски промовиран како нов играч на Хапоел Тел Авив

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски денеска и официјално беше промовиран како нов фудбалер во израелскиот клуб, Хапоел Тел Авив. Спировски со новиот клуб потпиша тригодишен договор.

„Среќен сум што дојдов тука. Слушнав многу убави работи за градот и за клубот. Се надевам дека заедно ќе ги постигнеме целите. Со нетрпение чекам да играм на стадионот и да се запознаам со навивачите“, рече Спировски при промоцијата во Хапоел.

Битолчанецот во главниот град на Израел доаѓа од унгарскиот клуб Ференцварош, каде играше од 2017 година. Претходно тој настапуваше за скопски Вардар.

Тој се очекува да дебитира за Хапоел веќе следниов викенд, на домашниот дуел против последнопласираната екипа на Нес Циона.

Scroll to Top