Top Sport

Стоилов до ЕХФ: Мојата земја е Република Македонија!

На стандардната прес-конференцијата по завршувањето на финалето меѓу Вардар и Веспрем покрај тренерот на екипата, Роберто Парондо, присуствуваше и капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов.

Во моментот кога спикерот ги најави финалистите и му ја честиташе титулата на Вардар, капитенот најде замерка во честитката.

„Честито, ова е втора титула за Вардар и прва за Северна Македонија“ –рече спикерот од ЕХФ.

На тоа реагираше Стоилов и му кажа на официјалниот спикер дека името на нашата земја не е она што тој го изговори.
„Честитки на Веспрем за фер и коректната борба, одигравме одличен натпревар. Не сакам многу да зборувам сега, сите сме под силни емоции од оваа победа. Знаеме со какви проблеми се соочувавме цела сезона, затоа ова е голема победа за нас и за мојата земја – Република Македонија“ – изјави Стојанче Стоилов.

Scroll to Top