Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез кој тресе мрежи за шпанска Барселона на Твитер се пофали со својата нова тетоважа.
Голгетерот се врати по поврдата, па вечерва би требало да е во составот во градското дерби против Еспањол. Суарез пред денешниот меч „се почести“ со нова тетоважа на вратот.
Истетовира рака со три прсти, тоа е дел од неговата прослава на головите, а ги претставува неговата сопруга и двете деца.
Luis Suarez gets new neck tattoo! pic.twitter.com/k8gRAtQbMh
— Culé Source (@CuleSource) December 8, 2018