Top Sport

Сунес: Ковачиќ и Жоржињо во Челси не се ниту за на клупа!

Хрватскиот фудбалски репрезентативец, матео Ковачиќ доживеа комплетен препород во Челси по доаѓањето на менаџерот Френк Лампард, но со тоа не се согласува легендата на „црвените“, поранешниот капитен на Ливерпул, Грем Сунес.

Екс-фудбалерот сега работи како стучен коментатор за британските телевизии. Тој упати пофалби само за Н`голо Канте, додека за Ковачиќ и Жоржињо рече дека не му се допаѓаат.

„Мислам дека во средниот ред на Челси недостасуваат квалитетни играчи. Ми се допаѓа Канте, секогаш кога го гледаме зборуваме колку е добар, но мислам дека Ковачиќ и Жоржињо не се ниту за на клупа“ – рече Сунес.

Тој напомена дека противничките играчи обожуваат да играат против ваков тандем во средниот ред на „сините“.

„Да сум играч од среден ред, и да играм против нив двајца, би бил среќен. Не би сакал спроти мене да е Канте“ – дециден е Сунес.

Scroll to Top