Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и предводник на калчолигашот Џенова, Горан Пандев доби суспензија од 2 меча поради црвениот картон што во неделата го доби на стадионот „Виа дел маре“ при гостувањето кај Лече (мечот заврши 2-2, откако Џенова на полувремето водеше со 0-2).
Италијанскиот судија, Џанлука Роки за 6 минути двапати на Пандев му го покажа жолтиот картон, па тој во 79 минута го остави својот тим на цедило.
Според суспензијата, Пандев нема да има право на настап за Џенова до крајот на 2019 година, а следен меч на кој тренерот Тиаго Мота ќе може да смета на неговите услуги е против Сасуоло, на 5 јануари 2020 година.
Да биде хендикепот уште поголем, македонскиот фудбалер нема да може да биде со својот тим на две дербија за Џенова.
Првото е градското, против ривалот Сампдорија на 14 декември, а вториот меч кој секако има големо значење за Македонецот, на „Џузепе Меаца“ против Интер на 21 декември.