Top Sport

Суспензија за голманот на српски Динамо за сомнителните одбрани против Партизан (видео)

Српскиот фудбалски клуб Динамо од Врање го суспендираше својот голман Урош Ѓуриќ затоа што со своите „лоши“ интервенции доведе до сомнеж на мечот со Партизан кој динамовците го загубија со 6:0.

Освен Ѓуриќ, најверојатно ќе бидат суспендирани уште неколку фудбалери поради сомнеж за местење на натпреварот.

Според информациите од Србија, натпреварот бил сомнителен оти имало големи уплати во обложувалниците и тоа на една од игрите, „два плус во прво полувреме“.

„Не е срамота да загубиш дури и со толку висок резултат од клуб со реноме и традиција, но чуден е односот на некои од играчите кон дресот на клубот. Урош Ѓуриќ со своето бранење односно небранење целата фудбалска јавност ја доведе до сомнеж за постигнатиот резултат“ – стои во соопштението на клубот.

Погледнете како изгледаше натпреварот:
https://youtube.com/watch?v=gAXjoGIodz0

Scroll to Top