Легендарниот боксер, Мајк Тајсон сака да ги купи правата за името на стадионот на ФК Барселона, „Ноу Камп“. Барселона поради финансиски проблеми реши да го продаде името на стадионот.
Дел од приходите ќе ги донира за здравствениот систем во Шпанија, додека поголемиот дел од парите ќе ги задржат за себе.
Тајсон сака да влезе во целата приказна.
Тој ја води компанијата „Svissx”, која се занимава со производство на канабис и сака стадионот да го носи името на неговата компанија.
„Баравме начин како да ја промовираме нашата компанија. Тоа е голем стадион и купување на правото е сјајна идеја. Тоа е сосема логична идеја, затоа што мојата компанија се занимава со производство на канабис, а во Шпанија се отворени по тоа прашање. Имаат позитивен став во врска со легализацијата“ – рече Тајсон.
Екс-боксерот има ранч од 418 хектари, луксузен хотел, а планира и да освори сместување за амбициозни производители на канабис. Со овој бизнис е од 2016 година.