Top Sport

Тарибо Вест: Соиграчите се потрошија в кревет пред решавачкиот меч на СП1998

Поранешнот нигериски фудбалски репрезентативец, Тарибо Вест откри шокантни детали за кои е убеден дека влијаеле неговата селекција да биде елиминирана во нокаут фазата на Светското првенство во 1998 година во Франција.

Вест, заедно со целата селекција одиграа одлично во групната фаза. Ја победија фаворизираната Шпанија (3-2) и Бугарија (1-0), а поразот од Парагвај (3-1) не ги спречи да одат во нокаут-фазата.

Тогаш настапија проблемите, открива Вест.

„Читав вести дека играчите оделе во ноќни клубови и возеле лимузини додека траел Миндијалот. За тоа не знам ништо. Но она што го знам е дека некои играчи носеа жени во нашиот камп, тоа го видов. Тоа беа Африканки кои беа дојдени да го гледаат турнирот и кои ја сакаа нашата екипа поради начинот на кој игравме во групната фаза. На играчите не им беше тешко да ги доведат во соба“ – вели Тарибо Вест.

Тој истакнува дека тоа е главната причина за испаѓањето од турнирот.

„Поради тоа против Данска немаа сила. Беа уморни затоа што вечерта пред мечот беа со тие жени. Им викав, бев лут. Сето тоа го направија затоа што мислеа дека лесно ќе ја победиме Данска“ порача екс-фудбалерот.

Вест е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Нигерија. Тој во кариерата играше за Интер, Милан, за Дерби, Кајзерслаутерн и во нашето соседство, за Партизан.

За Нигерија играше од 1994 до 2005 година.

Scroll to Top