Без сомнеж, Уругваецот Луис Суарез е еден од најдобрите фудбалски напаѓачи на денешницата, а карантинот го искористи конечно да признае на кој фудбалер му се восхитувал кога бил дете.
Суарез е роден во 1987 година во Уругвај, па во фудбалот се заљубил во текот на деведесетите.
Поранешниот аргентински фудбалер, Хуан Пабло Сорин го интервјуирал легендарниот аргентински ас, Габриел Омар Батистута, па притоа му пуштил снимка на која се гледа токму Суарез.
„Би сакал да ти кажам кј ми беше идол од детството. За фудбалот ти беше најголемата работа која некогаш сум ја видел, страшен квалитет, неверојатна сила и способност да постигнуваш толку многу голови. Се обидов да те имитирам уште како дете и отсекогаш ти се восхитував. За мене ти си идол. Би сакал да те запознаам и да празговараме, кога сето ова ќе заврши“ – се вели во пораката од Суарез испратена до Батистута.
Кога Сорин ова му го покажал на популарниот „Бати-гол“, Аргентинецот останал без текст.
„Чекај, дали тоа Суарез вели дека се обидел да ме имитира? Испадна предобро! Му благодарам што ме извести дека сум му бил идол, а ќе има време да се дружиме, по ова“ – е одговорот на Батистута.